
Пакистанската армија соопшти дека елиминирала 54 вооружени лица кои се обиделе да влезат во Пакистан од Авганистан.
Пакистанската армија тврди дека убиените милитанти се пакистански талибанци, кои оланирале да извршат терористички напади.
Милитантите биле забележани и убиени во близина на упориштето на пакистанските талибанци во округот Северен Вазиристан, во северозападната погранична покраина Хајбер Пахтунхва.
Во соопштението на пакистанската армија се наведува дека обидот за инфилтрација е во време кога Индија неосновано го обвинува Пакистан за нападот врз туристите во индискиот дел на Кашмир.
Во Пакистан изминатите месеци е зголемено насилството, за што во голема мера се обвинуваат пакистанските талибанци, познати како Терик-е-Талибан Пакистан. Тоа е посебна група, но е во сојуз со авганистанските талибанци, кои ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година.