Skip to main content

Зошто Теа Таировиќ ја соблече белата венчаница?

Познатата српска пејачка Теа Таировиќ во четвртокот се омажи за Иван Вардај, а според зборовите на нејзината мајка, водителката Божица Малешевиќ, нејзината ќерка не се замарала со обичаите, туку решила да испочитува само еден адет од Војводина.

Тој обичај се однесува на носење црвен фустан на сопствената свадба. Така, откако облече величествена венчаница, Теа се пресоблече во црвена тоалета, а многумина се прашуваат што значи овој чин.

Имено, бидејќи црвената е боја на љубовта, обичаите во Војводина налагаат невестата да се пресоблече во црвена облека околу полноќ, бидејќи, според верувањето, тој чин им носи многу среќа и љубов на младенците во нивниот заеднички живот.

Поврзани вести