Skip to main content

Научно докажано: Еве колку пати неделно секс е добар против депресија

Freepik

Научниците од Медицинскиот колеџ при Универзитетот Шантоу во Гуангжоу, југоисточна Кина, го објавија можниот „магичен број“ на сексуални односи, потребен за спречување депресија.

За научниот труд, истражувачите најмиле учесници на возраст од 20 до 59 години и ги замолиле да пополнат анкета за нивниот сексуален живот. Испитаниците одговарале и на анкета што најчесто се користи за дијагностицирање депресија, па резултатите откриле дека сексот еднаш неделно го намалува ризикот од развој на симптоми на депресија за 24 отсто. Истражувањето опфатило 14.741 возрасно лице.

Значи – еднаш во седмицата е доволно за подобрување на менталното здравје, откриваат истражувачите.

Ова позитивно влијание било најизразено кај младите луѓе на возраст од 20 до 30 години, кои покажале највисоко ниво на заштита и отпорност кон депресија. Научниците теоретизираат дека ефектот на благотворност може да се должи на ослободувањето на хормоните на среќа, како ендорфин и допамин, што се јавуваат при сексот.

Без оглед на сексуалната ориентација, сексуалната активност нуди придобивки, како што се подобар квалитет на живот и значително влијание врз менталното здравје, истакна Мутонг Чен – еден од авторите на трудот.

Депресијата влијае на околу 280 милиони луѓе ширум светот. Сепак, некои истражувања покажуваат дека достапните терапии, како што се оние со разговор или со антидепресиви, се делотворни само во околу половина од случаите на дијагностицирана депресија. Истражувачите се надеваат дека новите наоди ќе помогнат во областа на научните сознанија околу емоционалните придобивки од сексот, и за да се истакне потребата од истражувања на други, поразновидни третмани за справување со депресијата.

Поврзани вести