Skip to main content

Трамп: Владимир, запри!

kremlin.ru

Претседателот на САД, Доналд Трамп на мрежата „Трут соушл“ (Truth Social) го повика рускиот претседател да запре со нападите врз Киев.

Не сум задоволен со руските напади врз Киев. Непотребни се и се во многу лош момент. Владимир, ЗАПРИ! Неделно гинат по 5.000 војници. Да го завршиме мировниот договор!, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Русија утрово го нападна Киев со голем број дронови и ракети. Според украинските власти Русија истрелала 215 дронови и проектили, при што загинаа девет лица, од кои шест деца, а 70 се повредени.

Поради рускиот напад врз Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прекина посетата на Јужна Африка. Според него денешниот руски напад е „несомнено еден од најтешките и најтешките досега“.

Поврзани вести