Skip to main content

Им барал број и им нудел врска: Шкотски политичар одел на проукраински митинзи за да запознава жени од Украина

Претседателот на Собранието на општината на шкотската престолнина Единбург, Ками Деј, е суспендиран од должноста.

Kако што пишува „Сандеј мејл“, утврдено е дека Деј одел на сите проукраински митинзи со единствен мотив таму да запознае жени меѓу украинските бегалци. Службеникот им ги земал телефонските броеви на жените, по што ги канел да се сретнат во паб или експлицитно им нудел секс.

Истрагата се обидува да утврди дали во неговите постапки имало елементи на кривичното дело сексуално вознемирување.