Skip to main content

Петдневна жалост во Италија по смртта на папата Франциск

coronel-gonorrea-on-unsplash
Coronel Gonorrea on Unsplash

Италијанската влада денеска прогласи петдневна жалост по смртта на папата Франциск. Одлуката беше донесена на утринскиот состанок на министрите, пренесува Гардијан.

Периодот на жалост ќе трае до сабота, кога е закажана неговата погребна церемонија.

Ковчегот со телото на папата ќе биде изложен за јавноста од среда, од 7 часот наутро, во базиликата Свети Петар во Рим, информира агенцијата Бета.

Моментално, неговите остатоци се наоѓаат во капелата на ватиканската резиденција каде што живееше откако беше избран за поглавар на Римокатоличката црква во 2013 година.

Самиот погреб ќе се одржи во сабота, со почеток во 10:00 часот, на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан.

Потоа, ковчегот ќе биде пренесен во базиликата Света Марија Велика, во центарот на Рим, каде што папата ќе биде погребан.

Поврзани вести