
Официјален Вашингтон ги намалил своите барања до Украина да ги врати парите потрошени за воена помош. Таквата одлука би можела да биде донесена по преговорите за украинските природни ресурси меѓу двете земјите, објави „Блумберг“.
Според медиумот, САД го ревидирале износот на украинскиот долг и го намалиле од 300 до 100 милијарди долари. Ажурираната бројка е блиска до проценката дадена од официјален Киев.
Како што пренесува Блумберг, Украина назначила нов преговарач за договорот за природните ресурси, а тоа е Тарас Качка. Тој е и заменик-директор на фондацијата „Сорос ренесанса“ во Украина.