
Раководството на Манчестер Сити го направи првиот обид да го ангажира офанзивниот играч од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. „Граѓаните“ упатија официјална понуда до актуелниот германски шампион за 21-годишниот фудбалер, која е вредна 150 милиони евра. Германскиот репрезентативец има договор со Леверкузен до 2027.
Манчестер Сити, исто така, му понудил на Вирц плата од 25 милиони евра по сезона. Со тоа, Вирц би станал втор најплатен играч на „граѓаните“, а во Премиер лигата веднаш по Ерлинг Халанд.
Исто така, медиумите на Островот дознаваат дека тренерот Пеп Гвардиола веќе имал телефонски разговор со таткото на Вирц, кој е и негов агент.
Сериозен интерес за фудбалерот на Баер Леверкузен пројавуваат и Реал Мадрид и Баерн Минхен, но за нив е сериозен проблем финансиски да се натпреваруваат со Манчестер Сити.