Skip to main content
Запознај ја винска Унгарија

Винодонија „ве носи“ во земјата која е толку блиску, а сепак далеку за македонските вински љубители

Во редовната рубрика на Скопскиот вински салон – Винодонија, „Запонај ја винска…“ овој пат ќе биде претставена Унгарија, земјата којашто е толку блиску, а сепак далеку за македонските вински љубители. Дел од традиционалниот стар вински свет, Унгарија претставува историски винска земја со континуирано и прецизно запишано винско наследство, чиишто скапи вина се пиеле на скоро сите кралски дворови низ Европа.

Низ прекрасните ридови и долини на Унгарија, како и низ тајните и легендите за унгарското вино ќе ве води Јозеф Крижманиц, вински едукатор и ко-основач на „Унгарскиот вински институт“ којшто ќе ве запознае со нејзините вински региони, историски факти, типови на почви и клима како и автохтони сорти на грозје проследено со водена дегустација на внимателно селектирани вина од скоро сите унгарски региони.

Предавач: Јозеф Крижманиц, вински едукатор, Унгарски вински институт

14. декември 2024, 11:00 ч.

Хотел Мериот Скопје

Meeting Room D (прв кат)

Картите за работилницата се во ограничен број и истите може да ги купите на овој ЛИНК.

Поврзани вести