Skip to main content

Меѓународен ден на џезот во Парк „Ибни Пајко“ и МНТ – Today It’s All About Jazz Vol 9!

Фејсбук профил на Национален џез оркестар

По повод Меѓународниот ден на џезот кој традиционално се одбележува низ светот на 30 април, Националниот џез оркестар организира незаборавен џез хепенинг кој оваа година ќе се одржи на две локации – Парк „Ибни Пајко“ и Македонски народен театар, со внимателно избрана програма која вклучува настапи на врвни џез артисти.

Во Македонски народен театар во 18:00часот ќе настапат Brian Marsella Trio (USA), а во Парк „Ибни Пајко“ програмата ќе започне во 16 часот со Џез за деца, по што ќе настапи Бојан Цветковиќ Квартет (SRB), YoYo Band (BG), Христијан Ристески Квартет (SL/MK/USA) и Trio Dragobert feat. Milagros Piñera (AU)

Влезот за сите концерти е слободен. Во случај на неповолни временски услови, сите концерти ќе бидат префрлени во салата на Македонскиот народен театар.

Дизајнот на промо материјалите е изработен од страна на дизајнерката Margarita Kocaleva за што сме ѝ многу благодарни, како резултат на нашата соработка со Brainster, соопштија од НЏО.