
Александар го запознав во кривичниот процес, Кешишев го знам. Политички е неук, но патриот. Велибор исто така го знам, амбициозен е, но и алчен за пари. Боре Видевски го зачлени во Десна Велибор. Скромен, дисциплиниран и посветен во работа. Александар Ѓорчевски го прочитав во кривичната пријава кога ми ја доставија во ќелијата.
Вака Палевски ја опиша групата со која заедно се осомничени за двете убиства.
За бегството
Медиумите твдеа дека сум бегал. На 30 ноевмри заминав за Белград со Васко Стојков. Заминав со регуларна исправа на регуларен премин. Се пријавив во хотел Таш каде преноќив. Другиот ден го исконтактирав Стефан Димковски кој дојде во Белград кој ме однесе во Турција