Skip to main content

Мицкоски: Се конституираше Меѓуресорско тело против корупцијата, да изградиме држава каде законот важи за сите, функцијата значи одговорност, а не моќ

Се конституираше Меѓуресорското тело за координација на активности против корупцијата, прв, но неопходен чекор за воспоставување ефикасен, функционален и бескомпромисен механизам кој ќе ѝ застане на патот на најголемата закана за нашата иднина – корупцијата, напиша Премиерот Мицкоски на фејсбук профилот.

Ова тело нема да биде само уште една административна конструкција. Ќе бараме резултати, отчетност и правда. Затоа што секоја институција, секој поединец што ќе премолчи или ќе затаи ќе сноси одговорност.

Ова не е борба на една Влада, туку на целото општество. Да изградиме држава каде што законот важи за сите. Каде што функцијата значи одговорност, а не моќ. Каде што корупцијата нема да биде норма, туку забранета зона.

Поврзани вести