Skip to main content

Завршен концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“ во Филхармонија

Во Филхармонија вечерва ќе се одржи завршен концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“, со почеток во 20 часот. На концертот Ламбе Алабаковски ќе ја отпее „Како пиреј“, песна изведена од Гоце Николовски на Фолк фест Валандово во 1994 година. Интерпретацијата на Алабаковски ќе биде придружувана од симфониски оркестар.

Освен „Како пиреј“ и веќе добро познатите 12 нумери кои публиката имаше можност да ги чуе на концертите кои се одржуваа ширум земјата во изминатите речиси две години, на сцената како новитет ќе ги чуеме и „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски, а што ќе ја отпее Бојана Скендеровски и „Има една земја сонце што ја грее“ во интерпретација на Сузана Спасовска и Александар Тарабунов. За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери е задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски, информираат од Скендеровски продукција.

Влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com по цени од 1000 и 1400 денари, а организаторите Скендеровски продукција откриваат дека сите средства од продажбата ќе бидат насочени во хуманитарни цели. Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ. 

Поврзани вести