Skip to main content

Проекција на францускиот игран филм „Емилија Перез“ утревечер во Кинотека

Кинотека

Како дел од априлската програма, утревечер, со почеток во 20:00 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан францускиот игран филм „Емилија Перез“.

Преквалификувана и потценета, Рита е адвокатка во голема фирма чиј интерес е да ги држи најголемите криминалци на улица наместо да ги изведе пред лицето на правдата. Еден ден таа добива неверојатна понуда. Водачот на картелот Манитас ја најмува да му помогне да се повлече од работата и го реализира планот што тајно го подготвувал со години – да стане жената за која отсекогаш сонувал.

Емилија Перез, последнотo остварување на еден од најголемите француски современи Режијаи, Жак Аудиар е необична и несекојдневна мешавина на криминалистички филм и музичка комедија. Филмот се базира на истоименото оперско либрето на Аудиар, кое, пак беше лабаво адаптирано од романот на Борис Разон од 2018 година Écoute. Во филмот играат Зое Салдања, Карла Софија Гаскон, Селена Гомез, Адријана Паз, Марк Иванир и Едгар Рамирез.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ

(Emilia Pérez)

Игран филм, Франција,

2024, 132 мин., колор, ДЦП

Режија: Жак Одиар (Jacques Audiard)

Сценарио: Жак Одиар (Jacques Audiard)

Улоги: Зое Салдања, Карла Софиа Гаскон, Селена Гомез (Zoe Saldaña, Karla Sofía Gascón, Selena Gomez)

Поврзани вести