Skip to main content

Поранешниот претседател на Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ денеска ќе одржи предавање на тема „Врската помеѓу музиката и политиката“

Фејсбук

Во просториите на Меѓународниот Балкански Универзитет денеска во 17 часот ќе се одржи предавање на поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ, на тема „Врската помеѓу музиката и политиката“.

Предавањето е организирано од Меѓународен Балкански Универзитет (МБУ), во соработка со Меѓународниот Центар Алијанса на Цивилизациите (ICAC).

-Настанот претставува уникатна можност за академската заедница и пошироката јавност да слушнат и да дискутираат со проф. Јосиповиќ на тема која ретко се отвора во академски контекст: „Врската помеѓу музиката и политиката“, соопштија организаторите.

Проф. д-р Јосиповиќ, покрај неговата државничка кариера, е познат како правен експерт и композитор со уметничко портфолио кој неодамна ја објави неговата опера „Ленон” инспирирана од последните часови од животот на Џон Ленон.  Неговото предавање ќе понуди длабински увид во интеракцијата помеѓу уметноста и политиката, преку призмата на неговото лично и професионално искуство.

Настанот е отворен за јавноста и претставува дел од пошироките активности на МБУ и ICAC за промоција на академскиот дијалог и интердисциплинарната соработка.

Поврзани вести