Skip to main content

Анкета: Граѓаните се задоволни од постапките на Владата во однос на сузбивање на корумпираноста и поддршка на семејствата на настраданите

Во спроведената анкета од страна на Канал 5 телевизија, на скопскиот плоштад „Македонија“ граѓаните се изјаснија дека се задоволни од досегашното постапување на институциите, во однос на справување со сите оние лица што погрешиле пред законот и изразија задоволство за сето она што го прави Владата во насока на обезбедување на семејствата на настраданите во трагичната несреќа во Кочани.


„Па почетокот задоволува, граѓаните гледаат дека Владата се труди и на полето на корумпираните личности и на поле на обезбедување на семејствата“, изјави граѓанин.


Граѓаните исто така изјавија дека се задоволни од професионалното работење на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дека тој транспарентно ја врши својата должност.


„Сега за сега јас колку што гледам, јас сум задоволна и дури сум воодушевена од господинот Тошковски, мислам на тоа како пристапува“, вели еден од анкетираните.

Притоа граѓаните наведоа дека со оглед на тоа каков е текот на настаните и како се преземаат дејствијата, тие се надеваат на промени.

Поврзани вести