
Задоволен сум од исказот на Велибор Манев, искакна денеска бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ. Ова задоволство на бранителот на таткото на Вања доаѓа по денешното сведочење на Манев во кој тој рече под изнуда и ќотек рекол во полицијата дека Палчо и Александар се знаат и се во комуникација.

Тој кажа дека Александар нема апсолутна никаква врска со овој криминален чин и големо е прашање како дојден до тоа целосно да се дефокусира истрагата кон човекот кој нема никаква врска со ова..Прашањата на одбраната беа обвинителски и поставени на начин како што се очекуваше дека јавното обвинителство ќе ги постават работите за да ја допреме суштината и клучните одговори кои ќе придонесат за расчистување.Тоа во фаза на истражна постапка не е направено како што треба.Истрагата е дефокусирана и не водена на начин како што треба.