Skip to main content

Мирче Стојков ќе ја води Општина Кочани до изборот на нов градоначалник

Мирче Стојков, советник од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја води Општина Кочани до изборот на нов градоначалник, откако досегашниот Љупчо Папазов поднесе оставка од морални причини по пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени. Стојков досега беше заменик градоначалник.

Според законот, кога оставката на Папазов ќе биде објавена во Службен весник, Стојков во рок од 15 дена треба да го извести Министерството за локална самоуправа. Министерството потоа има рок од 15 дена да ја извести Владата, а Владата има рок од еден месец да констатира дека му прекинал мандатот на претходниот градоначалник и да иницира постапка за распишување избори за нов.

Советот потоа има рок од 30 дена да избере в.д. градоначалник од редот на советниците. Со оглед на тоа што нема потреба од вонредни избори, ако до редовните има помалку од шест месеци, а редовните треба да се одржат во октомври, веројатно ќе се чекаат редовните.

Поврзани вести