Skip to main content

Опозициски пратеници во парламентот на Унгарија запалија димни бомби за време на седница

Пратениците на опозицијата во унгарскиот парламент запалија димни бомби за време на гласањето по забрзана процедура за забрана за одржување на Парадата на гордоста во земјата.

Пратениците од опозициската партија Моментум запалија димни бомби, по што чад во различни бои ја покри собраниската сала, а покажаа и фотомонтажи на кои се гледа како унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин се бакнуваат, јавија светските агенции.

Законот усвоен денеска им дозволува на властите да користат софтвер за да ги идентификуваат учесниците на потенцијални собири на ЛГБТКју заедницата.

Поврзани вести