Skip to main content

Во Македонската амбасада во Брисел отворена книга на жалост за трагедијата во Кочани

Во Амбасадата на Република Македонија во Белгија до петок ќе биде отворена книга на жалост за жртвите во трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во неделата.

Во врска со трагичниот настан во Кочани во кој животот го загубија голем број, пред се, млади лица, известуваме дека во Амбасадата е отворена книга на жалост во која можете да изразите сочувство и да оставите своја порака, информира македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски.

Заинтересираните граѓани ќе можат да изразат сочувство во книгата секој ден од 10 до 12 и од 13:30 до 15:30 часот, освен в петок, кога книгата ќе биде отворена од 10:00 до 12:00 часот.

Поврзани вести