Skip to main content

Јаневски: Тошковски, преврти ја Македонија, камен на камен да не остане нечепнат

И ете ги, се јавија манипулантите. Ги изнесоа студентите на протест. „Спонтан“, се разбира, како и шарената револуција. Сакаат да ги глумат Белград и Србија. Да почнат нова „шарена“. Сега недостига уште да ги организараат средношколците, како во време на т.н пленуми и се да биде потаман. А, толку е провидно, очигледно и веќе видено, пишува Дарко Јаневски во својата последна колумна за „Денешен“.

Но, мафијата нема да има обзир. Ќе употреби се’, секого и сешто за да се спаси. Работа на Владата, на Тошковски, на сите други, е да тргнат кон Берлин како што се направи пресврт во 1943/44. Кон седиштето на Хитлер. Или тој или ние. Или мафијата или нас ќе не нема, како овие 59 деца. Затоа Тошковски треба да ја преора Македонија, камен на камен да не остави непревртен, да влезе во секое ќоше на оваа земја, во секоја штала (како што за оваа во Кочани вели дека функционирала 15 години, па сега при очи треба слепи ли да се правиме), во умот на секој газда на ваква штала, на секој Капушевски или Јахоски со кои е преплавена Македонија, и да ја истера работата до крај. До крајот, па и после него.

И тоа не само за овој случај. Седум години е граден овој систем. Не оти пред тоа бевме Данска, ама оваа ерозија, овој гнилеж, усовршен е до перфекција во изминатите седум години. Под водство на Заев. Инсталиран како што беше инсталиран и кому му беше дозволено се, само и само да и се удоволи Грција. Потпиши Заев, па прави што сакаш. И ти и твоите. Крадете, башикобозувајте, ашикувајте… се што сакате.

Не знам дали чувствуваат грам грижа на совест оние платеници кои учествуваа во неговото инсталирање. Граѓаните ги разбирам, тие не живееја добро, додека други се богатеа, но тоа, на оние „од надвор кои го спремаат“, како што се фалеше Заев, кои го донесоа на власт со помош на домашните платеници, не им беше битно. Им беше битно тоа чувство на граѓаните да го злоупотребат. И затоа, подоцна и дозволија на таа банда да го создаде овој гнил систем, кој мириса од врвците на чевлите до последното влакно на косата и кој не труел и не труе, живи не гореше и не гори, еден по еден полека не убива.

Затоа, требаше да се удри уште првиот ден по стапување на власт на новата влада. Нема што да се чека, нема што јавноста да се уверува дали ЈО Коцевски чини или не чини. Треба без пардон, без милост да се прочешлаат сите овие години, ако треба нека се оди наназад и со децении, ама ова и се друго мора да се исчисти. Не смее да има козметика, шминкерај и парфем врз небањато тело кое мириса. Не смее да има ништо освен правда и закон.

Целата колумна тука

Поврзани вести