Skip to main content

Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците

Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март.

Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата, информираат од Уставниот суд.

Оттаму додаваат дека датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден.

Поврзани вести