
Еден од најдобрите македонски ракометни репрезентативци, Марко Митев по само неколку минути поминати на теренот го заврши натпревар со Словенија вечерва во Копер. Организаторот на играта на Македонија и член на Алкалоид, во една транзиција лошо стапна и го повреди десното колено.
Според информациите кои доаѓаат од Словенија, 22-годишниот Митев има скинат вкрстен лигамент на десното колено.
За закрепнување од ваква повреда се потребни најмалку шест месеци месеци, па сезоната 2024/25 за Марко Митев е завршена.
Митев заедно со репрезентативните колеги утре се враќа во Скопје по што ќе му биде извршена операција.