Skip to main content

Откажани се сите настани за следната недела во НУ Библиотека Охрид

Во знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани  и на нивните семејства, по препорака од Министерството за култура и туризам нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажува неколкуте настани планирани за идната недела. 

-Ова е тежок ден за Македонија. Со длабока тага ја примив веста за трагедијата во Кочани. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива. Ова е момент на неизмерна болка, но и на заедништво.

Во овие тешки мигови, повикувам на смиреност и хуманост. Надлежните институции веќе преземаат итни мерки за помош и поддршка на погодените семејства. Нека нашите мисли и молитви бидат со оние кои го изгубија своето, а на повредените им посакувам брзо закрепнување, напиша на Фејсбук министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

-Во мое име и во име на сите вработени во нашата установа изразувам длабоко сочувство до семејствата кои се борат со загубата на своите најблиски во пожарот во Кочани а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, изјави Христина Трпеска,  в.д директорка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Поврзани вести