
Се видовме пред неколку дена, поразговаравме убаво. Многу јасно му кажав дека ми остава посебен впечаток како човек, баш се посрами и се насмеа.
Кога прочитав сабајлево дека го нема, на брат ми му кажав дека сигурно останал да спасува деца. И така би! Тој излегол и се вратил назад во пеколот. Јунак! – со овие зборови се огласи попладнево градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
Потоа дополни:
Господ да е со тебе и твојата душа Андреј, и со душите на сите млади страдалници. Господ да е со вашите најблиски, оваа трагедија е со несогледлива последица.
Никогаш не верував дека уште еден ден ќе се разбудам со истата болка како онаа кога беше смилковско.
Да се обединиме, да бидеме појаки од било кога до сега !
Андреј ти си јунак ! Јунак ! – заклучи Костовски.