Skip to main content

Музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК, почина во пожарот во Кочани

Музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК, почина во пожарот во Кочани, јавува штипската телевизија Стар.

Стевановски бешее продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.

Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ Скопје, а подоцна своето образование го усовршува во Америка.

Завршува два факултети вокално инструментален оддел класична музика и џез оддел.

Филип Стевановски беше неодамна назначен и за директор на Центарот за култура во Штип.

Според последните информации досега загинати се 59 лица откако пожар го зафати клубот „Пулс“ во Кочани.

Поврзани вести