
Меѓународната солидарност е огромна и за помош се понудија соседите Бугарија, Србија, Грција, како и Турција, Чешка, Холандија, Израел… Најтешките повредени ќе бидат веднаш згрижени во центри за изгореници во Софија, Белград и Солун. Ќе пристигнат тимови од ВМА Белград, од Ниш, од Прага, од центар за изгореници во Холандија…Сите, сите повредени ќе бидат згрижени најдобро што можеме, објави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски
Сочуство на семејствата! Во овие моменти на уништувачка трагедија, македонското здравство е целосно мобилизирано. Сите болници, сите доктори, сите сестри се на работа, сите и се е мобилизитано! Повредените се згрижени и им се дава потребниот третман во Кочани, Штип и Скопје во Клинички центар, 8 септември и стара градска Св. Наум Охридски. Вклучени се и Аџибадем Систина и Жан Митрев, кои ги ставија на располагање нивните интензивни неги и санитетски возила, вели Клековски.