Skip to main content

Омерагиќ едногласно избран за претседател на ФФМ до 2029 година

Масар Омерагиќ денес со акламација е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. 

Омерагиќ ќе го предводи македонскиот фудбал во следните четири години.

– Ви благодарам за довербата и ветувам дека нема да ве изневерам. Максимално ќе се залагам за доброто на македонскиот фудбал. Целосно ќе се посветам во работата како прв човек на ФФМ, рече Омерагиќ.

На денешното Собрание во Скопје присуствуваа 65 делегати.

Пред гласањето, поддршка за Омерагиќ дадоа и претставици на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) и Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Поврзани вести