
На 30-ти април ќе се одржи 29-то издание на детскиот музички фестивал „СИ-ДО“ во големата сала на Центарот за култура.
Организаторот на детскиот фестивал вели дека оваа година на сцената ќе блеснат 20 талентирани учесници.
Фестивалот „СИ-ДО“ е познат и признат по тоа што низ годините открил многу музички таленти и станал симбол на детската креативност и љубов кон музиката.
Подготовките се во тек за новото издание кое ќе донесе многу детски хитови и убави моменти.