Skip to main content

Френк Тарнер вечерва со акустичен концерт во МКЦ

Британскиот фолк-панк трубадур, Френк Тарнер, пристигнува во Скопје со специјален акустичен концерт, кој ќе се одржи вечер, 13 март, во „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ).

„Френк Тарнер ќе ни го претстави својот десетти студиски албум ‘Undefeated’ – уникатниот проект кој ја покажува неговата истрајност и страст во истражувањето на нови музички хоризонти, со концерт кој на специфичен начин ги поврзува искрените емоции и извонредната музика во непосредна врска со публиката“, стои во најавата за концертот.

Како независен уметник, Тарнер сам ја пишува музиката и самиот го продуцира овој албум. Настапот во Скопје е дел од неговата специјална турнеја фокусирана на минимализмот и чистотата на неговиот музички израз.

Поврзани вести