
Вчерашното рочиште на групата на Палчо откри нови детали за двете убиства кои ги починиле. Велибор Манев кој учествувал во двете киднапирања детално опиша како биле грабнати Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.
Toj имал нетрпеливост кон фризерот од Велес бидејќи му останал должен 1500 евра за каменот кој му го ставал во куќата. Панче одбивал да му плати и Велибор му го извадил каменот што го поставил. Дури и сакал да го тепа во фризерницата но не го строрил тоа.

Кога Пачевски на останатите им предложил да киднапираат некој богат кој има многу пари и за кого може да земат голем откуп не знаеле каде да го чуваат. Тогаш Манев се сетил на Панче.
Ми дојде на ум борчот од Жежовски кон мене. Му кажав за тоа на Палчо и оти би можеле да го искористиме-рече вчера Манев.

Дупката, односно како воено се вика „земуница“ била ископана една година претходно. Откако го грабнале Панче го однеле на местото.
. Јас ја копав дупката со Кешишев, целта беше таму да се чуваат додека не се изврши наплата. Целта беше таму да се чува тој додека се грабнува жена од 38 до 40 години од Скопје со неговото возило,Потоа да се направи смена., раскажа Манев.
Но, шокот настанал веднаш по пристигнувањето.
Го одврзавме, Палевски беше со нас. Веднаш му испука куршум во слепоочницата без зборови. Се тресев од тоа што го видов. Палевски го превртуваше Панче во дупката. Го прашав: „Зошто? Ова не требаше вака“. Ми рече: „Вака е почисто, нема зошто да се секираш“. Нека оди колатерала.