
Во Скопје денеска ќе се одржи централната комеморативна церемонија во чест на 82-годишнината од холокаустот на македонските Евреи. Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе оддадат почит пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол.
На настанот ќе се обратат претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, амбасадорката на Израел Симона Франкел и премиерот Христијан Мицкоски.
Делегации од државни институции, дипломатски претставништва и членови на Еврејската заедница ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Могилата на депортираните македонски Евреи, како и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“