Skip to main content

Во Газа се жедни за вода

 Речиси половина милион луѓе немаат соодветен пристап до вода за пиење во Појасот Газа, по одлуката на Израел да ја прекине целата испорака на електрична енергија во палестинската енклава. Поради недоволна количина на струја, погонот за десалинизација на морската вода, која беше единствената алтернатива на водата за пиење, не е во функција, пренесува Ал Џезира.

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен и нареди на израелската електро-корпорација веднаш да го прекине снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа, во очигледен обид да изврши притисок врз Хамас, кој сè уште држи 59 заложници киднапирани во јужен Израел

Поврзани вести