Skip to main content

Работнички останува во борбата за титулата

– Фудбалерите на Работнички триумфираа попладнево над Тиквеш со 1-0 во завршниот натпревар од 23 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Победничкиот гол за Работнички го постигна Анес Рушевиќ со прецизен удар од белата точка во 45 минута.
Со денешниот триумф, Работнички се израмни бодовно со третопласираниот Гостивар, додека Тиквеш остана на десеттото место на табелата.
Во петте вчерашни натпревари, лидерот Шкендија со совлада Пелистер, додека дербито во Кратово меѓу Силекс и заврши без победник.

Резултати од 23. коло на ПМФЛ:
Работнички – Тиквеш 1-0
Недела:
Гостивар – Брера Струмица 2:2
Шкендија – Пелистер 1:0
Шкупи – Беса 1976 2:3
Силекс – Вардар 1:1
Струга – Воска Спорт 1:0
Табела: Шкендија 49, Силекс 45, Гостивар 44, Работнички 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 21, Брера Струмица 21, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 18