Skip to main content

Мозокот на човекот содржи една лажица микропластика и нанопластика, покажа ново истражување

Научниците пронајдоа, како што велат, алармантни докази дека микропластиката не само што влегува во човечкиот мозок, туку може да придонесе за појава на деменција и други невролошки болести.

Човечкиот мозок содржи околу една лажица микропластика и нанопластика, 3-5 пати поголеми количини се откриени кај луѓе со документирана дијагноза на деменција“, објавија истражувачите од Универзитетот во Отава во научното списание Брејн медисин.

Предупредувањето на канадските научници уследи по „револуционерната“ работа на тим предводен од Универзитетот во Ново Мексико, кој откри дека микропластиката и нанопластиката „го фаворизираат“ мозокот пред другите органи.

Концентрациите во примероци од мозок од починати луѓе се 7 до 30 пати повисоки од концентрациите забележани во црниот дроб или бубрезите, додека примероците од мозокот кај луѓе со дијагностицирана деменција покажуваат уште поголемо присуство на пластични честички, соопштија научниците во труд објавен во Нејчер медисин во февруари.

Драматичното зголемување на концентрацијата на микропластика во мозокот за само осум години, од 2016 до 2024 година, е особено алармантно“, вели Николас Фабијано од Одделот за психијатрија на Универзитетот во Отава.

Зголемувањето на предупредувањата за здравствените закани од пластиката и нанопластиката е придружено со зголемен гнев поради загадувањето со пластика, од кои огромни количини завршија во езера, реки, мориња и океани.

И покрај напорите да се ограничи употребата на пластика преку мерки како што се барање хартиени сламки, европските земји и Јапонија се обвинети за транспорт на пластичен отпад во Југоисточна Азија, откако воведоа рестрикции и строги правила за рециклирање дома.

Ова зголемување (на микропластиката во човечкото тело) го отсликува експоненцијалното зголемување што го гледаме во нивоата на микропластика во околината“, изјави Фабијано.

Поврзани вести