
Тренерот на Бенфика, Бруно Лаж, верува во успех на неговиот тим во пресметката со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите и покрај синоќешниот пораз (0:1) во првиот меч.
– Можевме да го отвориме резултатот веќе во 20. секунда. Имавме уште една голема шанса на крајот. Имавме добри моменти во текот на целиот натпревар, резултатот можеше да биде поинаков. Мораме да ја преземеме заслугата за она што го направивме против одличен тим и да се опоравиме што е можно побрзо. Ќе одиме во Барселона за да победиме и да се пласираме во следната рунда, изјави Лаж по натпреварот.
Реваншот ќе се одигра на 11 март во Шпанија