Skip to main content

Доделени БЕАМ наградите: Гран при за Светското првенство во хипхоп

На свечена гала церемонија синоќа (4 март) во хотел Мериот, Фестивалот БЕАМ ги прогласи
најдобрите настани од изминатата година. Како единствено признание од ваков вид во
Македонија, БЕАМ ги истакнува најуспешните проекти и креативни постигнувања во индустријата
за настани.
Наградата Гран При за најдобар настан отиде во рацете на Светското првенство во Хип Хоп,
организирано од Пипл Медиа, настан кој триумфираше уште во две категории – Најдобар
културен настан и Најдобар спортски настан за 2024.
Наградите беа доделени во 10 категории а признанија добија врвни настани кои ја одбележаа
минатата година:
Најдобар културен настан – Светско првенство во хип хоп (Пипл Медиа)
Најдобар корпоративен настан – Халкбанк: Трајни културни вредности (маркетинг агенција
Ефектива)
Најдобар музички настан – 100 години Скопско (Публицис Груп)
Најдобар фестивал – Литера – Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца
(маркетинг агенција Ефектива)
Најдобра конференција – Наука за деца (Фондација Кантарот Скопје)
Најдобра активација на бренд – 100 години Скопско (Публицис Груп)
Најдобар спортски настан – Светско првенство во хип хоп (Пипл Медиа)
Најдобар Експо настан – Skopje Whiskey Fest (Ботегга Ивенти)
Најдобар хуманитарен настан – Ability Awards (Абилитис Нет)
Најдобар настан на државна институција – Меѓународна регулаторна конференција (Идеа Плус
Plus 360° Комуникации)
Grand Prix – Најдобар настан за 2024 година – Светско првенство во хип хоп (Пипл Медиа)

Оваа година имавме рекорден број на квалитетни пријави, што ни докажува дека БЕАМ
веќе е значајна и влијателна награда за препознавање и валоризација на најдобрите
настани во Македонија. Горди сме што го одбележавме успехот на овие проекти, а жирито
навистина имаше тешка задача да ги избере најдобрите. Беам ќе продолжи да расте, да
станува се подобар а веќе од следната година ќе можеме да ги видиме и настаните кои се
организираат во регионот. – изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ.
Присутните на церемонијата имаа привилегија да уживаат во извонредните настапи на
петкратниот светски шампион во модерен балет, младиот Анди Исмаили, како и во енергичниот
перформанс на танчерите од студиото Бреј а Лег, заедно со Мила Србиновска, светски шампион
во хип хоп јуниорска категорија.