Skip to main content

Изложба на Решат Амети во МКЦ Галерија

На 11 март во 20 часот ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник Решат Амети „Мојот пат во уметноста“ во МКЦ Галерија.

Патувањето по патиштата на уметноста е авантура и страст на кој уметникот целосно се предава, на овој пат има и станици на кои треба да се застане, да се сврти назад кон изминатиот пат, но и да се усмери погледот и кон иднината за да може да се одреди по кој пат тргне. Токму оваа године движејќи се по патот уметникот Решат Амети се најде пред прагот на еден значаен јубилеј 35 години творештво. Обележувањето на јубилејот Тој го започна на 30 декември 2025 година со репрезативна изложба во Дипломатскиот клуб на Министерството за надворешни работи на СР Германија во Берлин. По воведниот збор на директорката на клубот г-ѓа Сибил фон Арнам, пред присутните гости и дипломати се обрати и директорот на Одделот за Западен Балкан г-дин Нилс фон Редикер, а изложбата ја отвори нашиот Амбасадор во Берлин г-динот Илбир Села. На 27 фебруари Решат Амети ја отвори својата втора изложба во рамките на овој јубилеј во галеријата Урсулаштрос во Грац, Австрија.

Изложбата во МКЦ е трета по ред во рамките на јубилејот, но никако несмее да сфати како помалку важна, таа има за цел да ги потикне младите да истражуваат и да го најдат својот индивидуален стил во уметноста. Професорот Решат Амети во текот на изложбата ќе одржи свое предавање со кое како педагог ќе им ја продлабочи њубовта кон уметноста. МКЦ од секогаш бил расадник на млади таленти и изложбата е во рамките на оваа програмска определба. Решат Амети е редовен професор на Државниот факултет во Тетово,тој е уметник со меѓународно реноме, а за својата педагошка работа, за преставувањето на нашата уметност во странство и за своето сликарство е добитник на највусоката државна награда „ 11 Октомври“.

Изложбата ќе трае до 22ри март

Поврзани вести