Skip to main content

Разрешен директорот кој се сликаше со убиена мечка

Заменик директот на ЈП „Македонија пат“ Сашо Дранго, кој пред два месеци се сликаше со застрелана мечка и оружје во рака, е разрешен од функцијата. На негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.

На 2 јануари,невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“ објави фотографија на која Дранго позира со убиена мечка. На фотографијата, за која се смета дека е од декември 2024 година, Дранго носи пушка со снајперски нишан, поради што од здружението обвинија дека тој ја застрелал мечката, класифицирана како дивеч под заштита.

По ова, Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет.

Веста за смената на Дранго ја објави Шуковски соопштувајќи за новото работно место.

Денес е мојот прв работен ден на позицијата, в.д. заменик генерален директор на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до претседателот на Владата, г-дин. проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на Владата и членовите на Управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена, напиша Шуковски на својот Фејсбук профил.

Поврзани вести