Skip to main content

Американскиот државен секретар Рубио потпиша декларација за забрзана испорака на воена помош од четири милијарди долари за Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека потпишал декларација за забрзување на доставувањето воена помош од околу четири милијарди долари за Израел.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која ја презеде функцијата на 20 јануари, одобри воени продажби на Израел во вредност од речиси 12 милијарди долари“, рече Рубио и додаде дека „ќе продолжи да ги користи сите достапни инструменти за да ја исполни долгогодишната посветеност на Америка кон безбедноста на Израел, вклучително и средства за спротивставување на безбедносните закани“.

Рубио рече дека користел итни овластувања за да ја забрза испораката на воена помош за неговиот блискоисточен сојузник, кој сега се наоѓа во кревко примирје со милитантите од палестинската група Хамас во нивната војна во Појасот Газа.

Поврзани вести