
Се стравува дека најмалку 47 луѓе се заробени откако глечер се урна во индиската хималајска држава Утаракханд, објавија денеска локалните медиуми.
Инцидентот се случи во близина на автопат во регионот Чамоли, на помалку од пет километри од популарниот хинду храм Бадринат, кој секоја година го посетуваат стотици илјади верници.
„Најмалку 57 работници кои граделе пат во областа што граничи со Тибет се заробени. Од нив 10 се спасени и испратени во воен камп кај Мана (село) во критична состојба“, изјави полицискиот припадник Нилеш Ананд Барне.
Друг висок претставник рече дека спасувачите се соочуваат со предизвик да стигнат до местото каде што 47-те работници се заробени поради обилните снежни врнежи.