Skip to main content

Тренерот на Барса уште не може да го заборави мечот со осум голови

Тренерот на Барселона Ханси Флик го критикуваше својот тим за играта во одбрана на синоќешното реми со Атлетико (4:4) во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Шпанија.

– Треба да работиме на подобрување на дефанзивата. Одигравме одличен натпревар, но примивме четири гола, што е премногу. Нашиот однос и менталитет беа одлични откако примивме два гола на стартот, но треба да работиме на малите детали. Сите тимови се обидуваат да најдат решенија и да направат различни работи. Силни сме и по посед, но Атлетико има фантастичен тим. Добро се браневме 75 минути и потоа не успеавме. Четвртиот гол што го примивме ми изгледаше неверојатен, ќе мора да разговараме. За мене е важно да знам дека тимот е самоуверен, особено ако се земе предвид колку се млади играчите. Тоа ми дава самодоверба за иднината. Тажен сум и вознемирен од последните десет минути. Задоволен сум со 95 проценти од она што го видов, но не и со останатите пет. Затоа треба да работиме, ги цитира AS зборовите на Флик.

Реваншот ќе се одигра на 2 април во Мадрид. 

Поврзани вести