Skip to main content

145 гранати од Прва светска војна пронајдени при копање за градба во Битола

Вчера во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на 25.02.2025 околу 17.15 часот на ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола, при изведување градежни работи биле пронајдени неексплодирани гранати.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал гранатите, при што било констатирано дека станува збор за 145 артилериски гранати со калибар 75 мм., кои потекнувале од Првата светска војна.

Поврзани вести