Skip to main content

Актерот Џин Хекман и сопругата пронајдени мртви во нивниот дом

Холивудската актерска легенда Џин Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава (63) се принајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Калифорнија.

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза за „Си-Ен-Ен“ потврди дека актерот и неговата сопруга, успешна пијанистка, биле пронајдени мртви во нивниот дом. Сепак, тој не даде информации за причината за смртта.

Локалните медиуми пренесуваат дека во овој момент не постои сомневање за насилна смрт, а пренесуваат дека и нивното куче било пронајдено починато покрај нив.

Поврзани вести