
Владата го усвои предлогот за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски. Постапката за смена на Коцевски продолжува пред Советот на јавни обвинители кои во рок 15 дена треба да дадат мислење. Последниот збор дали ќе биде разрешен го имаат пратениците за што е потребна согласнот од 61 пратеник.
Премиерот Мицкоски очекува дека Советот на ЈО ќе го слушне гласот граѓаните при носење на одлуката.
Според неофицијални информации Владата бара Коцевски да биде разрешен бидејќи направил крупни професионални греши при раководењето со обвинтиелствоото кои довеле до нарушување на неговата ефикасност и функционалност.
Дополнително како што неофицијално се дознава, тој неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со закон.
Откако советот на јавни обвинители ќе даде свое мислење тоа ќе биде ставено пред пратениците на гласање. За разрешување на Коцевски потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник.