
Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски истакна дека решението за данок на имот покажува дека малолетните деца се сопственици на имотот на ул. „Наум Наумовски Борче“. Конкретно станот на Наум Наумовски Борче бил на помалата сестра Миња, а другиот на Вања, иако тоа не било нотарски заведено туку дека имало само согласност меѓу родителите.
Адвокатот го објасни и однесувањето на Александар на денот кога исчезна Вања.
Тој е првиот што се посомневал дека детето е киднапирано. Тоа било општ впечаток на семејството кое имало различни стравувања што е природно, објасни адвокатот.