Skip to main content

Небензија: Само Европа сака конфликтот во Украина да продолжи

Европа во моментов е единствениот играч на меѓународната сцена кој сака конфликтот во Украина да продолжи и прави се што може за да се спротивстави на неговото решавање, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензија.

Европа во моментов е единствениот играч на меѓународната сцена кој сака конфликтот во Украина да продолжи. Русија ги повикува сите оние кои навистина сакаат траен мир да не му дозволат на владетелот на Киев, чиј мандат е истечен, и оние кои ги влечат неговите конци да ги попречат руските и американските напори за решавање на конфликтот“, рече Небензија.

Тој додаде дека Русија исто така ги повикува Европејците кои го задржале својот здрав разум да се дистанцираат од злосторствата на режимот на Владимир Зеленски и властите во Киев.

Според него, резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина претставува почетна точка за понатамошни напори за решавање на украинската криза.

Усвоениот текст го гледаме само како почетна точка за понатамошни напори за мирно решавање на украинската криза. Текстот што сега е усвоен не е идеален, но во суштина е прв обид да се усвои конструктивен и прогресивен производ на Советот, кој зборува за патот кон мирот, а не за поттикнување конфликти – оцени тој.

Генералното собрание на ОН усвои антируска резолуција за Украина, при што 93 земји гласаа за, 18 против, а 65 беа воздржани.

Резолуцијата беше подготвена од Украина во соработка со повеќе од 50 земји, но за прв пат без поддршка од САД.

Антирускиот текст на резолуцијата бара Москва „веднаш, целосно и безусловно“ да ги повлече сите свои вооружени сили од украинска територија. Тој исто така го содржи традиционалниот едностран повик до Руската Федерација да ги прекине непријателствата.