
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Х.(49) и Л.Х.(27), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 31.01.2025 во Струга, пријавените физички го нападнале Љ.И.(52) од Струга, по што веднаш биле лишени од слобода.