
Во рамките на втората лига на Косово се сретнаа фудбалерите на Лирија и Веласкез, а овој натпревар го одбележа огромен скандал.
Навивачите влетаа на теренот и се степаа со играчите, а шокантните сцени ги обиколија социјалните мрежи.
Натпреварот го следеа нешто повеќе од 2.000 навивачи, а по завршувањето на мечот, на теренот истрчаа хулигани и направија невиден хаос.