Skip to main content
Омилената манифестација како и секое издание во изминативе 28 години ќе се памети и прераскажува со денови

Казухиро Котецу на македонски пееше на „Златна бубамара на популарноста“, а Игор Џамбазов со „Тешкото“ ја стана на нозе публиката

Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, „Златна бубамара на популарноста“ вчера се одржа во арената Борис Трајковски, под мотото „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“.

Омилената манифестација  вчера повторно ја расположи и насмеа публиката и како и секое издание во изминативе 28 години ќе се памети и прераскажува со денови, а потоа и со години. Дефинитивно годинава ја одбележа настапот на Казухиро Котецу, кој доби награда за културен амбасадор и изведбата „Тешкото“ од Блаже Конески од Игор Џамбазов продружен од зулри, тапани и танчери кои ја доловија вистинската атмосфера на тешката печалбарска судбина. И двајцата со овации и стоечки аплаузи беа поздравени од публиката.

Шоуто за сите генерации 28. „Златна бубамара на популарноста“ стартуваше со инклузивната химна „Гуш и бац“, која ја пееја Мијата, Денис Јанкуловски, хорот на „Златно славејче“ и група деца.

Следуваше настапот на Зорица Поп-Панкова, која сите нè потсети на големиот хит „Диско пар“, овој пат испеан во дует со новата музичка надеж, пејачката Ана Петановска. Ана го пееше заедно и со Сашо Гигов-Гиш неговиот голем хит „Моја гитаро“.

Сашко Коцев и Тино Костадиновски беа задолжени за хумористичниот ден, а повторно годинава публиката можеше да го види и кумановскиот актер Жарко Јовановиќ, кој е задолжен за имитација на македонските политичари..

Македонскиот грб има сè што треба. Има река, има планина, а јас само би му додал магла и загаденост, порача Коцев, но додаде и дека ако на тој новиот грб не види и подобро здравство, подобро образование, посреќни деца, спортисти горди на својата земја, нема проблем, сменете сè! Но, според приложеното, и тоа ќе го упропастите. Затоа, не чепкајте ништо, рече Коцев.

Јапонецот Казухиро Котецу на македонски јазик ја испеа старата незаборавна песна „Ако умрам ил загинам“ од Јонче Христовски, а ја доби наградата Златна бубамара на популарноста за културен амбасадор, а награда за хит на годината ја добија Слаткар и „Некст тајм“ за песната „Океани“. Песната е посветена на иселениците, а Слаткар со порака -Им порачувам на оние кои ја водат државата да се трудат младите да останат тука, за да ние уметниците не правиме веќе вакви тажни песни“.

Калиопи доби три Златни статуетки со Бубамара: за пејачка на годината, албум на годината и за концерт на годината, а публиката ја воодушеви со изведбата на евергринот „Бато“ и неколку куси верзии од нејзините хитови.

Наградата за Трајни музички вредности во забавната музика ја доби пејачот Дарио Панковски, наградите за Животно дело со Трајни музички вредности ги добија Сузана Спасовска и Перо Христов и ги изведоа нивните хитови „Судбо моја, судбино“ и „Нема живот, Ангелино“.

Групата „Меморија“ доби награда за рок-група на годината и ги зиведоа песните „За тебе“ – посветена на починатата сопруга на пејачот Апостол Икономов-Поце, и, „Само на добро нека е“ заедно со Филип, момчето кој е нивен голем фан и момче со посебни потреби.

За популарноста се наградени и шоумените од „К-15“, кои најавија дека во мај ќе имаат два настапа во арената „Борис Трајковски“!

Награди беа доделени и на катери, писатели, претстави…

Ова се добитниците на наградите:

1. Најпопуларен оркестар 2024 Битолски камерен оркестар

2. Најперспективна млада пејачка Ана Петановска

3. Театарска престава за деца и младинци 2024 РОЊА

4. Животно дело

Перо Христов

5. Трајни музички вредности Дарио

6. Награда за 30 години јубилеј К-15

7. Трајни вредности во уметноста Миро Масин

8. Хит на годината 2024 Некст Тајм & Слаткар – Океани

9. Трајни музички вредности Сузана Спасовска

10. Спортска легенда Илија Најдоски

11. Амбасадор на македонската култура 2024 Казухиро Котецу

12. Етно Концерт 2024 Ансамбл Стефче Стојковски

13. Поп концерт 2024

Калиопи

14. Пејачка 2024 Калиопи

15. Албум 2024 Калиопи

16. Актерка 2024

Дарја Ризова

17. Актер 2024

Ѓорги Јолевски

18. Театарска претстава 2024

12

19. Животно дело

Муарем Сербезовски

20. Писател 2024 Тихомир Јанчовски

21. Рок група 2024

Меморија

22. Рок концерт 2024 Меморија